Повеќе од 21.000 американски Евреи потпишаа петиција за укинување на израелската блокада на Газа: „Тоа е претажно“

Повеќе од 21.000 американски Евреи, вклучувајќи повеќе од 700 рабини и десетици уметници, писатели и лидери на заедниците, ја потпишаа кампањата „Евреите за помош во храна за луѓето во Газа“, барајќи хуманитарен пристап и крај на израелската блокада на помошта во храна.

Во отвореното писмо, кое е во центарот на кампањата, се вели:

„Еврејскиот народ ја поддржува хуманитарната помош за луѓето од Газа и прекинот на блокадата на хуманитарната помош од страна на израелската влада“.

Јавните личности што ја поддржуваат кампањата се драматургот Тони Кушнер, актерите Менди Патинкин и Волас Шон, комичарите Илана Глејзер и Аби Џејкобсон и коосновачот на „Бен и Џери“ Џери Гринфилд.

„Илјадници камиони со помош што спасува живот чекаат од другата страна на границата“, рече Гринфилд.

Тие велат дека израелската влада денес може да овозможи храна и лекови да стигнат до луѓето во Газа на кои им се итно потребни.

Тие истакнуваат дека кампањата не ја води ниедна организација, туку претставува заеднички напор за мобилизирање поддршка и ширење на пораката меѓу еврејските заедници низ целата земја.

„Она што им се случува на палестинскиот народ во Газа е неподносливо и срцепарателно. Оваа кампања беше покрената за да се изрази она што го знаеме како широко распространет став во рамките на еврејската заедница“, рече рабинот Алиса Вајс, која помага во организирањето на кампањата.

Како дел од кампањата, организаторите лансираа серија дигитални реклами на киосците на LinkNYC низ Њујорк.