ПОВЕЌЕ ОД 30 ЛУЃЕ САКААТ ДА СЕ КАНДИДИРААТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РУСИЈА – Противниците на Владимир Путин се одбиени поради “грешки“ !?

Повеќе од 30 луѓе се заинтересирани да се кандидираат на претседателските избори во Русија, изјави директорот на Централната изборна комисија за државната медиумска агенција ТАСС во изјава објавена во вторник.

Се разбира, кампањата ќе биде конкурентна, бидејќи е очигледно дека ќе има повеќе од еден кандидат. Во секој случај, веќе има повеќе од 30 луѓе кои сакаат да станат кандидати“, изјави Ела Памфилова за ТАСС.

Поранешната телевизиска новинарка, Екатарина Дунцова, беше спречена да се кандидира против актуелниот претседател на РусијаВладимир Путин, на изборите закажани за следниот март поради „грешки“ во барањето за кандидатура, објави нејзиниот изборен штаб пред три дена на социјалната мрежа Телеграм.

слика
Владимир Путин

Одлуката е донесена само три дена откако 40-годишната Екатарина Дунцова поднела барање до изборната комисија да биде регистрирана како кандидат.

Таа имала намера да се кандидира со програма која вклучувала ставање крај на војната во Украина и ослободување политички затвореници.

Критичарите сметаат дека изборите се „лажен“ процес со само еден можен исход, а тоа е победа на Владимир Путин.

Кремљ тврди дека Владимир Путин ќе победи бидејќи ужива вистинска поддршка во општеството, која според анкетите е околу 80 проценти.