ЦЕЛОСЕН “МРАК“ ВО НАЈСВЕТОТО МЕСТО НА ХРИСТИЈАНСТВОТО – Пустош во градот каде Божиќ требаше да биде најпразничен: “Не можеме да славиме…“

На местото каде што божиќната атмосфера треба да биде најшарена и најпразнична, годинава се е пусто и празно, бидејќи илјадници аџии кои во нормални услови го полнеа Витлеем – местото кое се смета родно место на Исус Христос – не се појавија затоа што церемонијата беше откажана од оправдан страв за безбедноста.

Градот е испразнет од среќа, радост, деца, Дедо Мраз. Оваа година нема прослави“, изјавила за BBCМедлин, жителка на Витлеем, кој се допира со Ерусалим, но се наоѓа на палестинскиот Западен Брег.

Не беше поставена и познатата елка, која обично се наоѓа во самиот центар на плоштадот „Рождество Христово“. Нема ниту божиќни песни или тезги. Наместо вообичаената слика која го прикажува раѓањето на Исус Христос, сега постои верзија која ги симболизира страдањата и маките на децата во Појасот Газа, при што новородениот Исус Христос е опкружен со бодликава жица и камења.

Малку понатаму е поставена верзија на Исус Христос во инкубаторот. Во потполно празната базилика, отец Еиса Талџија вели дека градот е сенка сам за себе.

слика
Витлеем

Јас сум свештеник во оваа црква 12 години. Роден сум во Витлеем и никогаш не сум го видел вака градот, дури и за време на пандемијата. Имаме браќа и сестри во Појасот Газа, поради тоа ни е тешко да славиме, но добро е да се биде обединет во молитвата“, изјавил тој за BBC.

Црковните ѕвона бијат додека мал број локални жители се собираат околу местото на раѓање на плоштадот, а песните на арапски повикуваат на „салам“ – мир – за доброто на децата. Десетици луѓе стојат на средина и веат палестински знамиња.

Латинскиот патријарх на ЕрусалимПјербатиста Пицабала – член на Католичката Црква – е во Витлеем на неговото традиционално годишно обраќање. Носи традиционален црно-бел кариран палестински шал. Непосредно пред да влезе во базиликата „Рождество Христово“, кратко зборуваше за тоа колку „тажен“ е овој Божиќ.

Ние сме во средина на војна, страшна војна. Нашите мисли првенствено се насочени кон Појасот Газа, кон нашиот народ во Појасот Газа… Два милиони луѓе страдаат“, изјавил тој за BBC, додавајќи дека – „прекинот на огнот не е доволен“.

Мораме да ги запреме овие непријателства и да ја свртиме страницата, бидејќи насилството само раѓа повеќе насилство“, истакнал тој.

На неколку чекори од плоштадот, на соседната улица од двете страни се наредени сувенирници, но без вообичаената врева и пазарење на трговците и купувачите. Надвор од продавниците висат познати палестински шалови, навлаки за перници и други сувенири, непродадени и недопрени.

Ова е нормално врвот на сезоната за овие трговци. Но, не и оваа година.

Не можеме да славиме додека толку многу луѓе умираат во Појасот Газа“, вели Абуд Субух, трговец со продавница недалеку од плоштадот и додава: „Не можеме да бидеме среќни затоа што не сме на другата страна на светот. Ова е сè уште Палестина“.