Повеќе седење, овој дел од телото расте! Експертите предупредуваат – најмногу масни наслаги се таложат таму

Ако седите на работа повеќе од осум часа, немојте да се чудите ако задникот ви стане поголем, предупредуваат експертите.

– Масните клетки се шират во тој дел од телото , а токму тоа игра клучна улога во производството на маснотии. Кога седиме, притисокот врз овие клетки се зголемува за 50 отсто – објаснуваат научниците од Универзитетот во Тел Авив.

Истражувачите откриле и дека исхраната навистина има мал, речиси незначителен ефект врз зголемувањето на задникот.

– Сакавме да истражиме зошто седењето влијае на растот на дебелината, освен што ви дава повеќе време да уживате во брзата храна. Откривме дека хроничниот притисок на кој се изложени клетките додека седат влијае на фактот дека оние што содржат маснотии брзо растат – објасни професорот Амит Гефен.