Повредена жена пешак на бул. „Филип Втори Македонски“ во Скопје

Во СВР Скопје вечерва во 19.11 часот е пријавено дека на бул. „Филип Втори Македонски“ патничко возило „шкода“ со скопски регистарески таблички удрило во жена пешак. Од МВР за МИА информираа дека жената со повреди е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во тек е увидот на местото на несреќата.