Возач на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопјe завршил во болница откако претходно гаснел пожар што го зафатил автобусот што го возел на булеварот Борис Трајковски во Скопјe.
„Денес (21.07.2025) во 07:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје избувнал пожар во автобус на ЈСП, кој го управувал С.Б., додека се движел по булеварот.“
„Пожарот го изгаснал самиот С.Б., кој потоа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиниката за токсикологија во рамките на клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ во Скопјe, за да му се пружи лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.