Повторно испиша историја: Овој рекорд на Роналдо со години никој нема да го собори!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, последните години во богатата кариера ги минува во саудиски Ал Наср, но сепак продолжува да поставува нови рекорди, кои тешко ќе се соборат во догледно време.

На натпреварот од азиската Лига на шампиони што неговиот тим го одигра против ирански Персеполис, Португалецот стигна до 1000 меча без пораз во кариерата и сега има 776 победи и 224 нерешени. Никој пред него нема одиграно толку натпревари на кои не бил поразен.

За потсетување, Роналдо во кариерата има освоено бројни трофеи, но му недостига Мундијалот со својата репрезентација.

Со оглед на сè, тоа нема да се случи, бидејќи Роналдо на следниот Мундијал ќе има 41 година.

Сепак, со Португалија беше шампион на Европа и победник во Лигата на нации, што е повеќе од доволно за земја која немаше ниту еден трофеј пред него.