Повторно одложена главната расправа против Додик

 Главниот претрес против претседателот на Република Српска Милорад Додик и в.д. директорот на Службен весник на Српска, Милош Лукиќ, повторно беше одложен во Судот на Босна и Херцеговина. Судијата Мирсад Штрика од Судот на Босна и Херцеговина следното рочиште го закажа за 17 јануари.

Рочиштето беше одложено бидејќи обвинителите не беа подготвени за воведни зборови, а одбраната на Додик побара изземање на сите тројца обвинители.

Во своето обраќање по излегувањето од Судот на Босна и Херцеговина, Додик рече дека Обвинителството е несериозно и неодговорно и дека обвинителите не ја знаат формалната постапка.

-Судијата постапи правилно, бидејќи ја почитува постапката, како и ние, за разлика од Обвинителството кое јас не го почитувам, рече Додик.

Повтори дека Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина се неуставни, како и одлуката наметната од Кристијан Шмит, за која на тој и на Лукиќ им се суди. Тој смета дека судскиот процес против него и Лукиќ бил наместен.

Додик рече дека нема доверба во Судот на Босна и Херцеговина, чиј претседател е уапсен.

Зборувајќи за Шмит, кој не е признат за висок претставник во Република Српска, Додик рече дека доколку наметне измени во Изборниот закон, во тој случај Српска ќе донесе свој изборен закон.

Судијата Мирсад Штрика од Судот на Босна и Херцеговина следното рочиште на претседателот на Република Српска, Милорад Додик и на вршителот на должноста директор на Службен весник, Милош Лукиќ, го закажа за 17 јануари.