– Цените на нафтата на светскиот пазар паднаа денес поради неизвесноста на побарувачката во Кина, најголемиот светски увозник на нафта.
Меѓународната референтна цена на суровата нафта „брент“ утринава изнесуваше 84,64 долари по барел по падот на цената за 0,82 отсто.
Американската референтна вредност West Texas Intermediate (WTI) се тргуваше по цена од 81,24 долари по барел по падот на цените за 0,85 отсто.
Според податоците објавени денес, кинескиот увоз на сурова нафта падна во јули за 18,8 отсто на месечно ниво, на околу 10,29 милиони барели дневно, што укажува на слаба побарувачка што предизвика намалување на цените на нафтата.