Повторно пожар на Блаце! МВР: Граничниот премин меѓу Македонија и Косово затворен до гаснење на пожарот

Министерството за внатрешни работи соопштува дека поради повторно активирање на пожарот кај Блаце, сообраќајот на патната оска граничниот премин Скопјe – Блаце е целосно прекинат во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон Полициската станица Блаце сè додека не се изгасне пожарот и не се нормализира сообраќајот, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Центарот за управување со границите во Косово, исто така, ја објави одлуката:

„Ве известуваме дека врз основа на информациите добиени од страната на РСМ, патот Скопјe-Тирана е блокиран за сите возила поради пожар во близина на тунелот во Република Северна Македонија.
За сите дополнителни информации ќе ве известиме навремено“, се вели во соопштението.