Повторно протести во Германија против АфД

 Во Германија денеска повторно илјадници луѓе протестираа против растечкиот десничарски екстремизам, а фокусот на демонстрациите беше во помалите градови.

„Никогаш повеќе всушност е сега“, „Стоп за ширењето на омразата“ и „Рамо до рамо против фашизмот“ извикуваа демонстрантите на митинзите организирани од црковни здруженија, синдикати и организации за заштита на човековите права.

Бранот протести, кој трае речиси еден месец, почна откако медиумите објавија дека на крајот на ноември во Потсдам се одржал состанок на екстремните десничари, на кој претставници на десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) и на ултраконзервативното крило на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

На средбата се разговарало за можни депортации на германски жители со странско потекло во случај овие партии да дојдат на власт. Од почетокот на протестите, популарноста на АфД на федерално ниво забележа мал пад и сега изнесува околу 20 отсто.

Но АфД во некои источногермански сојузни покраини, каде што годинава се одржуваат локални избори има поддршка над 30 проценти, со што е партија со најголем рејтинг.

И за утре се најавени протести.