Повторно јавно наддавање за продажба на одземениот имот на Сашо Мијалков

Агенцијата за управување со одземен имот, денеска од 9 до 12 часот, преку јавното електронско наддавање, го продаваше одземениот имот на Сашо Мијалков.

Резултатот од продажбата ќе го презентира на прес-конференција (13 часот) директорот на Агенцијата, Дритон Небиу.

Обвинителството во јуни минатата година објави список на сите имоти кои треба да му бидат одземени како имот на Мијалков во спогодбата за признавање на вината со која тој ја призна вината и доби три години затвор за случајот „Империја“, каде беше обвинет за перење пари.

Првичната оценка на Обвинителството е дека вредноста на недвижноста е 14,1 милион евра.