Луѓето или ќе изневерат или ќе останат верни, но да откриете во која категорија спаѓа вашиот маж може да биде малку незгодно.
Сепак, експертите открија метод кој може да ви помогне да разберете дали вашиот партнер изневерува или не: одговорот е во ваши раце!
Тајната што го открива предавникот лежи во должината на показалецот.
Според студијата на Универзитетот во Оксфорд и Универзитетот Нортамбрија, мажите и жените главно се поделени во две групи: оние кои сакаат брзи и краткотрајни врски и оние кои претпочитаат долготрајна љубов, пренесува Телеграф.
Откако поголемиот дел од испитаниците укажале дека не се верни на својот партнер, британските истражувачи откриле дека колку е пократок показалецот на една личност во однос на прстениот прст толку е поголема веројатноста тие да бидат неверни.
Додека луѓето чиј показалец и прстен прст се еднакви по должина се вели дека се најлојални и сакаат долги врски.