Погледнете го величествениот кадар од Ливерпул: Целиот град ја слави шампионската титула и покрај дождот (фото)
Иако фудбалерите на Ливерпул ја освоија титулата шампион на Англија пред неколку недели, за денес е закажана шампионска парада низ градот, вклучувајќи и автобус со играчите кои го освоија трофејот.
Ливерпул ја освои титулата во англиската лига со убедливи 10 бода предност пред второпласираниот Арсенал. Иако прославата се одржа и на теренот и на трибините претходно, за денес е закажана парада за прослава.

Ливерпул последен пат ја освои титулата во Англија во 2020 година, но пандемијата на коронавирус спречи прослава на отворено. Тоа беше тежок момент за „Црвените“, кои никогаш претходно не ја освоија Премиер лигата во сегашниот формат, но сега дојдоа нивните денови.
Прославата не ја расипа дождот што обилно врнеше во текот на целиот ден во пристанишниот град на северозападна Англија.
Десетици илјади навивачи се собраа за да го прослават освојувањето на трофејот со Мохамед Салах и тимот.
Тренерот Арне Слот успеа да даде изјава за време на прославата, велејќи дека ова е момент број еден во целата негова кариера.
Посебен момент беше кога Трент Александар-Арлонд излезе напред да ги поздрави навивачите. Имаше мешани чувства кај навивачите на Ливерпул откако херојот на клубот одлучи да си замине во текот на летото и многумина не му простија.
Се очекува прославата да трае во текот на целата вечер, а најинтересните снимки ќе ги додадеме подоцна.