Погледнете го видеото: Орбан се обиде да ја бакне раката на молдавската претседателка, а потоа го пречека студен туш

На видеото кое се прошири на мрежите се гледа дека унгарскиот претседател останал прилично збунет.

Унгарскиот претседател Виктор Орбан во четвртокот учествуваше на самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, а на социјалните мрежи сега се прошири кратко видео на кое се гледа непријатноста што ја доживеа Орбан таму.

Имено, по неговото пристигнување, тој во замокот Мими во Булбоака бил примен од претседателката на Молдавија, Маја Санду , чија рака Орбан се обидел да ја бакне. Но таа го одбила.

На видеото кое се прошири на мрежите се гледа дека Орбан во тој момент бил прилично збунет.

Тешко е да се погоди точната причина зошто Санду одлучи да го одбие бакнежот на Орбан, но можно е тоа да се должи и на нивните прилично очигледни политички разлики, вклучувајќи го и прашањето за војната во Украина и Владимир Путин .

Меѓу другото, Санду вети дека ќе го уапси Путин во случај да дојде во Молдавија. Орбан, пак, многу јавно покажува симпатии кон рускиот претседател.