Филмот „Наполеон“ за познатиот француски војсководец доаѓа на кино екраните. Главната улога ја толкува Хоакин Феникс, а режисер на оваа продукција е Ридли Скот.
Се појави најновиот трејлер каде што можеме да видиме како ќе изгледа сето ова.
Според Sony, филмот „Наполеон“ ќе има премиера оваа година, на Денот на благодарноста.
,,Наполеон“ го прикажува немилосрдното патување на Бонапарта до моќта низ призмата на неговата зависна, нестабилна врска со неговата единствена вистинска љубов, Жозефина, прикажувајќи ги неговите визионерски воени и политички тактики против некои од најдинамичните битки што некогаш биле снимени, се вели во изданието.
Погледнете го трејлерот: