Погледнете го овој потег на Ѓоковиќ! Љубителите на тенисот се воодушевија: ,,Како го направи тоа?” (видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД во Њујорк, откако по три сета со 6:2, 7:5, 6:4 го совлада 105. светски играч Борна Гоја од Хрватска.

Ѓоковиќ победи по два часа и 25 минути и по 57-ми пат во кариерата се пласираше во четвртфиналето на Грен слем турнир.

Ноле уште од стартот ги контролираше случувањата на теренот. Тој двапати му ,,зема” сервис на својот ривал, убедливо ја заврши работата во првиот сет и со спектакуларна игра ја крена публиката на нозе.

Во морето атрактивни потези особено еден се истакна. Во седмиот гем од првиот сет, откако хрватскиот тенисер освои поен, Ноле изведе ремек дело за ТВ хајлајтс. Не освои поен, но со атрактивен потег ги воодушеви тениските љубители ширум светот.

Имено, тој „прими“ една топка која долго време леташе право во џебот од шорцевите и предизвика ентузијазам кај публиката.

Погледнете го овој прекрасен потег на Србинот: