Погледнете дали ја имате ЛИНИЈАТА НА АНГЕЛ ЧУВАР на вашата дланка? Еве што претставува таа…

Според некои верувања, таа е паралелна со линијата на животот и има навистина моќно значење.

Не сите луѓе имаат линија на ангел чувар на нивната дланка која е паралелна со линијата на животот. Тие среќници се ретки. Според некои верувања, оваа линија покажува дека луѓето кои ја имаат се под заштита на своите ангели чувари и затоа ги прати неверојатна среќа во животот. Сепак, тие понекогаш не се свесни за тоа.

Се верува дека луѓето со посебна линија на дланката се во добро здравје, ништо материјално не им недостига и полесно од другите ги надминуваат пречките на кои наидуваат во животот.

Какви сите значења може да има?

Таканаречената линија на ангел чувар може да биде долга или кратка и може да се појави или на десната или на левата дланка

Долга линија – покажува дека одредена личност која ја има ќе биде под заштита на ангелите во текот на целиот свој живот

Кратка линија – покажува дека ќе има проблеми и неволји во животот, но тоа ќе биде успешно решено

На десната дланка – ангелот чувар бил примен во одреден период од животот благодарение на заслуги, можеби добри дела или лични страдања На левата дланка – ова е наводно показател дека некој го добил својот ангел чувар во моментот кога се родил, а не подоцна како оние со линијата на десната дланка. Ангел е доделен при раѓањето благодарение на предците.