Погледнете како е уапсен монструмот кој во Франција избоде деца: 2 полицајци едвај го држат, а третиот се обидува да му стави лисици (ВИДЕО)
Мигрантот од Сирија кој утринава со нож избоде осум деца и возрасни во францускиот град Анеси е уапсен веднаш по бруталниот напад.
На социјалните мрежи се појави видео од апсењето на напаѓачот. На видеото се гледа како тројца полицајци се обидуваат да го задржат налудничавиот мигрант, двајца едвај го држат на земја, а третиот се обидува да му стави лисици. Се гледа и дека игралиштето во тој момент било преполно со луѓе.
Нападот се случил на игралиште покрај локално езеро каде, според француските медиуми, тогаш имало група деца на возраст од три до пет години.
Очевидци за локалните медиуми изјавиле дека маж со турбан почнал да ги напаѓа децата.
Локалните медиуми јавуваат дека две деца и еден возрасен се во критична состојба.
Се огласи и францускиот претседател Емануел Макрон.
– Напад на апсолутен кукавичлук утрово во парк во Анеси. Децата и возрасните се меѓу животот и смртта. Нацијата е во шок. Нашите мисли се со нив, како и со нивните семејства и со мобилизираните спасувачки служби – напипа Макрон на Твитер.