Погледнете како изгледа новиот тренинг центар на ПСЖ вреден 300 милиони евра (Видео)

ПСЖ во новата сезона ќе влезе со нов тренер Луис Енрике, но и со нов тренинг камп вреден неверојатни 300 милиони евра.

Во пресрет на презентацијата на шпанскиот стручњак Луис Енрике, присутните новинари имаа можност да ги посетат сосема новите објекти на ПСЖ, кој се состои од простор за живеење резервиран за играчите, до ултрамодерна кружна соблекувална, до тренинг простор и огромна теретана, до импресивна балнеотерапија.

Сè е дизајнирано до најмалите детали и прецизно конфигурирано, со посебно внимание посветено на елеганцијата и удобноста, вклучувајќи го и горниот кат каде луксузните соби ќе ги пречекаат играчите и персоналот за време на периодот на одмор.

ПСЖ во изградбата на овој центар вложи вкупно 300 милиони евра со цел подобрување на перформансите на фудбалерите, еден од најпространите и најудобните во светот.
Како дел од зградата беа изградени 17 фудбалски игралишта за 180 спортисти и персонал од околу 100 луѓе.

Пари Сен Жермен се надева дека ќе започне нов циклус со многу успеси под водство на Луис Енрике. Поранешниот тренер на Барса го наследи Кристоф Галтие чиј договор беше раскинат со заедничка согласност.

Фудбалерите на ПСЖ (претставниците ќе имаат уште неколку дена одмор) од понеделник, 10 јули, ќе се вратат на тренинзите во новиот тренинг центар.