Најдобриот кошаркар во светот, Никола Јокиќ, моментално ги полни батериите одмарајќи се во Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Кошаркарот на Денвер го искористи слободното време по завршувањето на НБА сезоната за рафтинг на реката Тара и беше снимен во Радован Лука, во најдлабокиот дел од кањонот на реката Тара.
Јокиќ уживал во гостопримството што му го нудело селото Тепча и бил скромен и насмеан, како што може да се види во видео клипот.
Инаку, Тепча е мало село во Црна Гора со нешто помалку од 100 жители, но вчера беше домаќин на најдобриот кошаркар во светот и голема НБА ѕвезда.
Тие нагласија дека нивните врати секогаш се отворени за него и му се заблагодарија што дојде.