Полицаец од Вирџинија избегна смрт за дел од секунда во сообраќајна несреќа на локален пат.
На видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се види како полицаец стои до запрен автомобил за време на рутинска сообраќајна контрола. Камерата во полициското возило го снимила застрашувачкиот момент кога автомобил кој доаѓа од спротивната насока со голема брзина го напушта патот, поминува неколку ленти, а потоа со сета сила удира во паркирано возило.
Полицаецот навреме забележал што се случува и почнал да бега. За влакно ја избегна смртта и се добива впечаток дека немаше да преживее доколку стоеше до возачката врата. За среќа се здобил со полесни повреди.
– Возачот (17), кој возел со голема брзина, изгубил контрола над автомобилот и се судрил со запрено возило на спротивната страна од патот – соопшти полицијата на округот Ферфакс.
Никој од повредените не е во животна опасност. 17-годишникот доби кривична пријава за несовесно возење.
– Ова е важен потсетник дека животот може да се промени за миг. Одговорност на возачот е да вози безбедно и безбедно да пристигне. Родителите и старателите треба да размислат за користење на ова видео како можност да разговараат со своите тинејџери возачи за нивното однесување при возење. Тоа може да влијае на животите на другите, соопшти полицијата на округот Ферфакс.