ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НАПРАВИВМЕ ВО ГАЗА И БЕЈРУТ: Министерот за одбрана на Израел испрати остри зборови до Иран
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека штетите во Газа и Бејрут треба да бидат порака до оние кои мислат дека Израел нема да одговори на нападите.
– Секој што мисли дека обидот за напад на Израел ќе нè одврати од реакција, треба да погледне што се случува во Газа и што се случува во Бејрут. Работите се многу јасни. Силни сме и во одбрана и во напад и тоа ќе го искажеме на начинот на кој ќе избереме, во времето што ќе го избереме, на местото што ќе го избереме. Ова не е само изјава, туку план за работа – рече Галант.
Тој додаде дека минатонеделниот напад од страна на Иран не ги оштетил израелските авиони и воздушните патеки.
– Ниту една ескадрила не е оштетена, ниту еден авион не е оштетен, нема ниту една писта што не е достапна за полетување и нема штета на нашиот континуитет – рече тој во разговор со пилотите при посетата на Воздушната база Неватим.