Погледнете ја дисциплината на Јапонците: Авионот гори, кабината чади, но патниците седат и ги слушаат упатствата на екипажот! (ВИДЕО)
Годината за Јапонија не можеше да започне полошо – прво разорните земјотреси, па пожарот во авионот на пистата Ханеда во Токио каде има неколку жртви на крајбрежната стража.
За среќа, патниците и екипажот се безбедни благодарение на неверојатната организација на екипажот кој спроведе евакуација на 379 патници од запалениот авион за само 90 секунди.
На социјалните мрежи е објавено видео од евакуацијата, од внатрешноста на авионот.
На видеото може да се видат патниците како тивко седат на своите места и внимателно ги слушаат упатствата на екипажот додека се подготвуваат тобоганите за евакуација.
Во кабината веќе се гледа чад, но патниците внимателно ги следеа упатствата, поради што сите се живи и здрави, покажаа голема дисциплина и соработка со екипажот на Japan Airlines.