Погледнете ја драматичната снимка од новите земјотреси: „Се уриваа ѕидови, се гушкавме меѓусебе“

Најмалку 11 лица загинаа во новите силни земјотреси во Турција и Сирија.

Најмалку 11 лица загинаа во силните земјотреси во Турција и Сирија во понеделникот вечерта, јавуваат локалните медиуми, додека се чекаат официјални податоци за бројот на жртвите.

Најмалку шест лица загинаа, а речиси 300 се повредени во двата земјотреси во југоисточна Турција, објави денеска турскиот весник „Хуриет“. Тие пишуваат дека во тој дел на Турција се повредени најмалку 294 лица, од кои 18 се во тешка состојба.

„Мислев дека земјата ќе ми се отвори под моите нозе“, вели расплакана жителка на градот Муна ал Омар додека го држела својот седумгодишен син. Таа била во шатор во парк во центарот на градот кога се случиле новите земјотреси.

Но, Мазлум (18) во времето на новите земјотреси ги барал телата на членовите на семејството исчезнати во претходните земјотреси.

„Не знаете што да правите (…) само се грабнавме и ѕидовите почнаа да се уриваат пред нас“, опиша синоќа младиот човек.

О Алах, те молам спаси го народот на Турција и Серија.