ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА НА ОПРА ВИНФРИ ВРЕДНА 50 МИЛИОНИ: Мислела на секој детал, а еве која боја преовладува
Водителката и медиумски магнат Опра Винфри во текот на својата успешна кариера заработила милијарди долари, а познато е дека живее во луксузна куќа во Монтесито вредна 50 милиони долари.
Во новото видео кое го објави на Инстаграм, Опра покажа дел од својот луксузен дом, поточно кујната, каде што млад мајстор за коктели и подготвуваше виолетови коктели.
Нејзината кујна е украсена во бела боја, а освен белите kомоди со малку рустикален изглед, вниманието го краде и дрвениот кујнски елемент на кој има длабок лимен мијалник и сребрена славина.
Винфри веќе сподели видео од нејзината дневна соба, каде има голема полица за книги, а се е украсено во посветол тон.
Инаку, неодамна Опра го изненади црвениот тепих со својот изглед откако ослабе многу . Таа се бореше со тоа повеќе од една деценија и инсистираше дека нејзиното драматично слабеење не е резултат на земање лекови како Оземпик или Вегови, кои се почесто се злоупотребуваат за оваа намена.
„Не знам дали има друга јавна личност чија борба со килограмите е искористена исто како и мојата. Една од работите од кои се срамев, па дури и кога првпат слушнав за лекови за слабеење, одев на операција на коленото. во исто време и мислев – ова морам да го направам сам затоа што ако ги земам овие лекови, тоа ќе биде полесен излез од се. Има дел од мене кој чувствува дека морам да го направам тоа на потешкиот начин, дека морам да продолжам да се качувам по планини, морам да продолжам да патам и морам да го сторам тоа на тој начин бидејќи во спротивно некако ќе се измамам себеси“, рече тогаш таа и додаде дека едноставно ѝ се гади од идејата дека личност која толку години се срамела поради изгледот на нејзиното тело.

Да потсетиме дека со децении името Опра Винфри е најпознатото водителско име во светот. Нејзиното шоу „Опра шоу“ се емитуваше од 1986 до 2011 година, цели 25 сезони. Така направила стотици познати пријатели и ги направила некои од најпознатите интервјуа на сите времиња.