Погледнете ја молњевитата акција од апсењето на Самарџија: Специјални агенти притрчаа до автомобилот на еден од најбараните бегалци… ВИДЕО

Еден од најбараните бегалци во Европа, Младен Самарџија (33) вчера е уапсен во молскавична акција на полицијата во Јахорина. Самарџија денеска е предаден во надлежност на Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Тој е уапсен во акцијата „Токио“, организирана од Дирекцијата за организиран и сериозен криминал и Специјалната антитерористичка единица (САЈ) на МВР на Република Српска. Тој е уапсен под сомнение дека е вмешан во трговија со дрога.

„Операцијата „Токио“ беше спроведена под надзор на Обвинителството на Босна и Херцеговина на подрачјето на источно Сараево со цел да се уапси член на организирана криминална група која била вклучена во препродажба на наркотична дрога кокаин во претходниот период.Се работи за М.С., државјанин на Република Словенија и Босна и Херцеговина, по кого од Словенија е распишана потерница од Интерпол за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“, соопшти МВР на Република Српска.

Во акцијата привремено се одземени пари во износ од 3.300 евра и 1.800 КМ (900 евра), шест мобилни телефони, три пиштоли, 189 парчиња муниција од различен калибар, тетратки со записи и белешки за кои постои сомневање дека се однесуваат на продажба на наркотична дрога, пронајдени се два скапи рачни часовници, банкарски картички, кафеава растителна материја која се поврзува со наркотичната дрога хашиш со бруто маса од 12 грама, додека одземени се пет автомобили.

АТВ објави видео од брзата акција на полицијата во која е уапсен Самарџија. Како што може да се види на видеото, вооружени полицајци притрчуваат до автомобилот и го извлекуваат Самарџија од него. Сè се случи за неколку моменти.

Потсетуваме, Словенија по Самарџија распиша меѓународна потерница бидејќи е недостапен за правосудните органи на таа земја кои трагаат по него за да водат постапка за организиран криминал и трговија со дрога, а исто така е осомничен за истите кривични дела во БиХ.