ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СНИМКАТА- Глетка која ќе ве стопи: Како изгледа еж додека јаде во рака

Дали некогаш сте виделе еж да јаде од рака на човек? Слатко видео споделено на Твитер го покажува токму тоа.

На видеото се гледа како човек држи еж во рака и се обидува да го нахрани. Преслатките движења на „шилестата топка“ која се шири за да земе храна ги насмеа актерите на видеото, но и многумина кои го погледнаа.

„Тие се неверојатно медени“, „какво преслатко суштество“, беа само дел од коментарите на воодушевените корисници кои го виделе видеото.

Ежевите се многу слатки и корисни и безопасни животни. Ако ја посетат вашата градина, можат да ве ослободат од полжави, змиски јајца и разни инсекти.

Експертите велат дека можете да им оставите сурово месо, мелено месо, па дури и пелети од мачки.

Тие спијат во текот на денот, а ако сè уште ги гледате на дневна светлина, тоа може да биде знак дека се болни или гладни и дека им е потребна помош.