Погребана е Алма која со своите деца скокна во реката Бојана: Несреќната жена почива далеку од децата! (фото)
Алма Арази, која со трите деца се фрли во реката Бојана во Скадар, денеска беше погребана во Драч на барање на нејзиниот татко.
Алма беше погребана до нејзината мајка, а на погребот присуствуваа мал број луѓе, меѓу кои и таткото, сестрата и братот на Алма.
Во меѓувреме, беше одлучено помалата ќерка и синот на Алма, бидејќи најстарата деветгодишна ќерка веќе беше погребана, да бидат погребани на гробиштата во Скадар.
Алма е погребана подалеку од децата поради проблемите меѓу двете семејства, кои датираат многу пред трагичниот настан.
„Сè додека сум жив, моите деца нема да бидат закопани таму“, рече Ергис Арази, сопругот на Азра, мислејќи на Драч.
Како што претходно објавија албанските медиуми, Ергис побарал дозвола од затворот да присуствува на погребот на своите деца, но тоа нема да му биде дозволено.
Обвинителството во Скадар го одобри барањето на Араз, но полицијата го одби, поради што тој нема да присуствува на погребот на седумгодишната ќерка и тригодишниот син. Претходно, тој не присуствуваше ниту на погребот на деветгодишно девојче.
Да потсетиме, Алма исчезна со децата на 2 мај, а нејзиниот сопруг Ергис дури на 3 мај го пријави нивното исчезнување.
Телото на Алма и телото на дете вчера беа извлечени од реката Бојана.
Телото на нејзината осумгодишна ќерка е пронајдено во понеделникот, додека телото на најстарото девојче (9) во саботата, оттогаш се води континуирана потрага.
Следниот ден Ерџис е уапсен поради сомнение дека извршил кривично дело ,,притисок” за самоубиство.