Погребано е девојчето чиј татко не можеше да му ги пушти рацете: Фотографијата го потресе целиот свет (ФОТО)
Погребано е мало девојче чиј татко не можел да му ја пушти раката. Фотографија на која се гледа целата човечка трагедија од разорните земјотреси во Турција и Сирија го потресе светот, а таткото со скршено срце сега ја закопа ќерката на преполните гробишта во паркот Капичам, без официјален маркер, само со бројот 380 и рачно напишано име.
Фотографии од неутешен татко на гробот на неговата ќерка ги направи новинар на германски Билд, кој наведува дека семејството не може да се помири со голема загуба.
15-годишната Ирмак го загуби животот во земјотресот во Кахраманмарас, а нејзиниот татко, 49-годишниот Месут Ханчер, го пронашол нејзиното тело во урнатините, под тони бетонски блокови каде ѕиркала само испружената рака на малото девојче.
Сликата на целосната безнадежност и тага на татко кој седи на урнатините и ја држи за рака својата почината ќерка го обиколи светот и стана симбол на оваа голема човечка трагедија.