На гробиштата „Раштани“ недалеку од неговото родно место денеска беше погребан Панче Жежовски (74), фризер од Велес, кој беше убиен во случајот со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.
Погребот беше извршен во 13 часот и 30 минути, а на трагично загинатиот маж, му оддадоа последна почит роднини, пријатели и познаници.
Тој беше пријавен за исчезнат на 24 ноември, а се води за исчезнат од 22 ноември. Неговото тело беше пронајдено на 3 декември во околината на Велес, недалеку од телото на исчезнатата Вања Ѓорчевска.
Неговиот автомобил, по неговото убиство, бил искористен за киднапирање на малата Вања, а подоцна бил запален во селото Бразда. Пет лица се осомничени за убиството на Панче и Вања.