ПОГРЕШНИ ПОДАТОЦИ – Според МОН и БРО, реките Тигар и Еуфрат се во Африка (ФОТО)

Новата учебна година започна онака како што заврши старата. Дел од учениците се без учебници па наставниците ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат. Освен ова, продолжува и праксата во учебниците или прирачниците од кои ќе се учи да има погрешни податоци, особено по историја и географија.

Според Министерството за образование (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО) како надлежни за изготвување и пуштање на учебниците во образовниот процес реките Нил, Тигар и Еуфрат се наоѓаат на африканскиот континент. Така барем пишува во прирачникот по историја и општество што на својот фејсбук профил го објави професорот Игорче Дунимаглоски.