Погрешно го толкувате погледот на вашето куче: Не е вина, тоа е страв!

Кучето се повлекува и со тага гледа во сопственикот, експертите потврдуваат дека тоа се карактеристични знаци на страв

Речиси секој сопственик на куче го знае виновниот изглед на кучето кое направило нешто што не требало да го направи.

Грицкањето чевли и перници или земањето слатки без знаење на сопственикот се предизвикувачи за изразот на лицето кој повеќето го опишаа како чувство на вина. Меѓутоа, луѓето целосно погрешно ги разбираат емоциите на кучињата!

Луѓето погрешно ги разбираат емоциите на кучето врз основа на човечките емоции.

Главниот виновник за појавата на ваквата емоција

Погледнете го вашето куче кое, според вас, покажува чувство на вина, бидејќи направило нешто лошо.

Истражувањата открија дека кучињата кои покажуваат емоции кои се сфаќаат како вина, всушност покажуваат страв од критика.

Иако експертите нагласуваат дека се работи за страв, за него се уште се дебатира.

Навистина, повеќето се уште се убедени дека се работи за вина, што исто така не е докажано.