Подарил автомобил од 200.000 долари на ДВОЈНО ПОМЛАДA ДЕВОЈKA – Живее во луксуз, а жените се ЛУДИ ПО НЕГО!
Иако има 56 години, неговиот животен стил е како да живее во дваесеттите!
Италијанскиот милионер Џанлука Ваки , во последните неколку години се најде во центарот на вниманието на светските и домашните медиуми, кога беше откриено каков живот живее и колку не се грижи за многу прашања за кои постојано размислуваат „обичните“ луѓе во нивното секојдневие.
Скапа гардероба, уште поскапи автомобили и недвижнини, но и згодни припаднички на понежниот пол кои се неколку децении помлади од Ваки, се нешто со кое милионерот се буди и спие. Сега медиумите пишуваат што и приредил на својата нова девојка која има 28 години.
Италијанскиот милионер Џанлука ја изненади својата сопруга Шерон за нејзиниот роденден, а сето тоа во договор со неговата тригодишна ќерка.
Шерон го прослави својот 28-ми роденден, а нејзиниот сопруг на Инстаграм сподели видео во кое покажува што и подготвил.
– Среќен роденден љубов моја, те сакам – напиша Ваки, а потоа дојде подтекстот на неговата сакана.
– Ти благодарам за животот, за вчера, денес и утре. Ти благодариме за нашиот дом, здравје, семејство и љубов. Ти благодарам, љубов, за се што правиш, особено што ме натера да се чувствувам толку сакано – гласела емотивната порака на девојката Шерон.
Како што можеше да се види на видеото, тој ја изненади својата избраничка со нов автомобил, црн Range Rover, кој чини околу 200 илјади долари .