– ОВР Кавадарци денеска поднесе кривична пријава против Б.С.(34) и Ј.С.(60), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека извршиле кривично дело „давање поткуп“, предвиден и казнив по член 358 став 1 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
-Двете лица кривичното дело го сториле на 29.12.2022 околу 09.30 часот во Општина Кавадарци, при што на вработена во Одделението за урбанизам, дале поткуп во износ од 500 евра во апоени од по 100 евра, со цел да не изврши службено дејствие кое морала да го изврши – надзор врз градежни работи, соопштуваат од полицијата.