Под истрага на СПАК на сопругот на поранешната министерка Џачка му се конфискувани 5,5 илјади квадратни метри земјиште

– Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) му заплени 5.512 квадратни метри земјиште на Артан Гачи, сопругот на поранешната министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка.

Земјиштето е на крајбрежјето кај едно од најубавите приморски гратчиња, Химара, со кое Гачи се здобил со статус стратешки инвеститор.

-Привремената конфискација е извршена во рамки на истрагата покрената врз основа на пријавата на градоначалникот на општина Химара, Фреди Белери, од минатата година, кој обвинил дека имотот е стекнат преку фалсификувани документи, кои СПАК ги запленил со забрана за отуѓување на имотот на име Гачи, наведуваат медиумите.

Додаваат дека поранешниот пратеник на Социјалистичката партија, Артан Гачи, сега стратешки инвеститор на југот на Албанија, на 6 октомври неколку часа бил на распит во СПАК.

На почетокот на минатиот месец со реконструкцијата на кабинетот на премиерот Еди Рама беше опфатена и Џачка, што се поврзува токму со истрагата за нејзиниот сопруг.