Њукасл ја обезбеди Лигата на шампионите во луд натпревар во кој три пати пред крајот се затресе стативата

Фудбалерите на Њукасл Јунајтед го обезбедија пласманот во Лигата на шампионите откако на „Ст. Џејмс Парк“ одигра 0:0 против Лестер Сити.

Со овој бод тие му побегнаа на петтопласираниот Ливерпул на недостижни четири бода предност.

Од друга страна, Лестер сега е во тешка, речиси безизлезна ситуација, чекор кон пласман во понизок ранг на натпреварувањето.

Домашните беа поблиску до победата, сепак Њукасл имаа три удари кон голот. Во 41. минута Калум Вилсон ја погоди левата статива, две минути подоцна Мигел Алмирон ја погоди десната статива, а Бруно Гимараеш исто така ја погоди стативата во 72. минута.

Најдобрата шанса гостите ја имаа во втората минута од судиското надополнување. Џејмс Медисон нафрли од десната страна, а Тимоти Кастањ извонредно шутираше, но Ник Поуп реагираше фантастично. Тоа беше првиот и единствен удар на гостите кон голот.

На врвот на рангирањето е новиот, старо-новиот шампион Манчестер Сити со 88 бодови, Арсенал е втор со 81 бод, додека трет е Њукасл со 70 бодови. Следуваат Манчестер Јунајтед со 69 и Ливерпул со 66 бодови.

Лестер напредуваше за едно место, сега е 19-ти, но сепак е во зоната за испаѓање со 31 бод, колку што има и Лидс Јунајтед, чекор подолу. Пред нив е Евертон со уште два бода повеќе. Помеѓу Лестер, Лидс и Евертон треба да барате два клуба кои ќе му се приклучат на Саутемптон во долниот дел од натпреварувањето.

Во последното коло Евертон го очекува домашен тест против Бурнмаут, Лестер Сити ќе го пречека Вест Хем, додека Лидс Јунајтед го пречекува Тотенхем.