Преку заедничка изјава на личните претставници на претседавачот, Бујар Османи, ОБСЕ неодамна го осуди палењето на Куранот во повеќе земји.
Во заедничката изјава, објавена на веб-страницата на ОБСЕ, личните претставници на Осман за толеранција и недискриминација – рабинот Ендрју Бејкер, др. Регина Полак и Др. Исмаил Хаки Муса – овие настани ги опиша како чин на омраза кон муслиманите, но и навреда за сите оние кои веруваат во толеранција, плурализам и почитување на различностите.
Тие, како лични претставници на претседавачот, предупредија дека ваквите појави и дејствија со омраза поттикнуваат непријателство кон муслиманите и може да доведат до насилство и уште поголеми тензии и конфликти, и ги потсетија земјите-учеснички на ОБСЕ дека културната и религиозната различност мора да се заштити и промовира, но имајќи предвид дека колективната безбедност директно зависи од почитувањето на човековите права и демократските вредности.