Пожари во Црна Гора, огнот стигна до плажите

Огромен пожар избувна утрово над Чањ во Црна Гора, а густ чад стигна до плажите.

Според информациите што се достапни, пожарот досега стигнал до Подгорица, Будва, Бар, Никшиќ, Шавник и Бијело Поље.

Србија испратила хеликоптер за да помогне во гаснењето на пожарот, а еден пожарникар бил повреден во експлозија во Рогами.

На снимките од утрово на локалната плажа во Чањ се гледаат лежалки и чадори, луѓе седат, средуваат работи, а некои од нив се уште се капат, додека наоколу се шири густ чад од пожарот што избувна во непосредна близина синоќа.

Пожарот го зафати подрачјето над плажата Краљичина, на ридот Дубовица, каде што има густа вегетација.