Поради пожарот настанат во Расадник во населбата Кисела Вода, од ЈП „Водовод и канализација“ известија дека резерварот во Припор останал без електрична енергија, и дека поради тоа е во прекин водоснабдувањето во дел од Аедродом.
„Ве известуваме дека на ден 03.09.2024 поради денешниот пожар во Кисела Вода има прекин на електрична енергија во половина Кисела Вода, а заради дефектот на ЕВН, резервоарот во Припор е без електрична енергија што доведува до прекин на водоснабдувањето во високата зона од населба Аеродром“, стои во објавата на ЈП Водовод и канализација.