Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, нема причина за загриженост

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.

Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот.

Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран.

Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата.