Пожар во авион на „Рајанер“ во Шпанија: 18 повредени

Најмалку 18 лица се повредени во пожар што избувна во авион на „Рајанер“ на аеродромот во Палма де Мајорка, Шпанија.

Преплашените патници избегале од авионот, некои преку крилата, објави „Билд“.

Тие скокнаа на пистата кратко по полноќ, додека пожарникарите и полицијата брзо се упатија кон местото на настанот.

Од 18 повредени, шестмина морале да бидат префрлени во болница.

Авионот се спремал да полета. Сè уште не е јасно каде отишол ниту што го предизвикало пожарот.