ПОЖАР ВО ЗГРАДА ВО ЈОХАНЕСБУРГ Најмалку 52 лица загинаа

Најмалку 52 лица загинаа во пожар што зафати катна зграда во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, пишува Гардијан.

Службите за итни случаи соопштија дека уште 43 лица се повредени во пожарот што избувна утрово.

Портпаролот на итната помош Роберт Мулауџи изјави дека потрагата по лицата кои се наоѓале во зградата е во тек и додаде дека најверојатно бројот на загинати ќе се зголеми.

Властите соопштија дека пожарот „во голема мера е изгаснат“, но од зградата сè уште излегува чад.