Во месноста „Марково крушче“ на Водно денеска напладне избувнал пожар при што била зафатена сува трева и нискостеблести растенија.
Пожарот бил пријавен на Единствениот број за итни ситуации 112 по што била известена Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и надлежни јавни претпријатија на Град Скопје.
– Тие брзо излегле на терен и го изгаснале пожарот што имал зафатено сува трева и нискостеблести растенија, а имало опасност да ја зафати и шумата, стои во соопштението од ЦУК.