Пожар во млекарница во тетовско Камењане

Пожар изби во млекарница „Хит73“ во тетовско Камењане, вечерва околу 19 часот, информираат од тетовската пожарникарска единица.

Поради пожарот голем густ чад се забележува и во Тетово како и од автопатот Тетово-Гостивар.

На местото на пожарот покрај противпожарни екипи од Тетово, пристигнаа и пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со де возила, а упатени се и екипи од Гостивар и Кавадарци.