Пожар во рафинерија во Турција: 12 повредени, пожарот избувнал по експлозија

Во експлозија во нафтената рафинерија „Тупрас“ во близина на турскиот град Измит на северозападот од земјата полесно се повредени 12 лица, соопшти денеска компанијата.

Компанијата „Тупрас“ соопшти дека пожарот е ставен под контрола, а повредените се префрлени во болница во градот Коџаели, пренесе Ројтерс. Градоначалникот на тој град Тахир Бујукакин изјави дека пожарот кој избувна по експлозијата е ставен под контрола, пренесе НТВ.

Тој посочи дека се работи за инцидент што се случил при планирана вежба и дека ситуацијата сега е под контрола.

Компанијата соопшти дека одделот каде што се случила експлозијата е деактивиран, додека останатите делови од рафинеријата работат нормално.

Турскиот центар за борба против дезинформации ги предупреди граѓаните да не „се потпираат на неосновани тврдења“ и да им веруваат само на официјалните соопштенија.