Пожар избувна на имотот на Џорџ Клуни

Парк со соларни панели лоциран на имотот на познатиот американски актер Џорџ Клуни во Брињон, во департманот Вард, на југозападот од Франција, денес се запали, кој брзо беше изгаснат, јавува BFM TV.

Пожарот зафатил околу 300 квадратни метри, но брзо бил изгаснат со интервенција на пожарникарите.

Пожарникарите биле повикани околу 13:30 часот и успеале да го изгаснат пожарот за помалку од еден час, јавува Танјуг.

Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Клуни поседуваат бројни имоти низ целиот свет, а тој луксуз вклучува вила покрај езерото Комо во Италија.