Позитивната листа на лекови се комплетира со девет генерики

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување денеска донесе одлука за комплетирање на Позитивната листа на лекови со вкупно девет лекови со генерички имиња, поточно според формата и јачината на позитивната листа се проширува за вкупно 20 лекови. .

Како што се објаснува во соопштението, тоа значи проширување на позитивната листа на лекови со 59 во рамките на заштитените имиња и тоа за: крвни заболувања – антикоагуланси (прасугрел, тикагрелор), болести на срцето и крвните садови – против висок притисок и високи масти (Небиволол , Периндоприл, Валсартан, Фенофибрат), за централен нервен систем – антидепресиви и за третман на деменција (есциталопрам, мемантин, дулоксетин).

Проценетото влијание врз буџетот на Фондот на годишно ниво е околу еден милион евра, посочуваат од ФЗО. Ова е прво дополнување на листата по 2014 година.

Фондот се залага за пристап до подобри лекови и ги поттикнува сите фактори за натамошно дополнување“, се знае во соопштението од таму.