Познатата актерка изјави дека е среќна што нема деца: Се чувствувам слободна

Американската актерка Хедер Греам во ново интервју изјави дека не се кае за својата одлука да нема деца и го пофали фактот што многу други жени ја донесуваат истата одлука.

„Имаше моменти кога се прашував како би било ако родев. Можам да кажам дека 80 проценти од времето сум среќна што немам деца, се чувствувам слободна и добро поради тоа, а 20 проценти од времето се прашувам како би било. Мора да го цениш животот што го имаш“, изјави таа за „Гардијан“.

Таа додаде дека е одлично што се повеќе жени ја изразуваат својата желба да немаат деца.

„Општеството вели дека мора да имаш деца, но зошто? Ако не си личност која им угодува на другите, што всушност сакаш?“ рече таа.

Таа исто така рекла дека поголемиот дел од својот живот го поминала задоволувајќи ги другите и дека во четириесеттите години почнала да го менува својот поглед на животот и романтичните врски.

„Сфатив дека едноставно можам да се прашам што сакам и да се направам среќна“, рекла таа.