Актерката Софија Буш, најпозната по улогата на Брук Дејвидс во популарната тинејџерска серија „One Tree Hill“, се разведе по само 13 месеци брак.
Софија ја сподели веста за нејзиниот развод само седум недели откако објави заедничка фотографија на нејзиниот Инстаграм профил на првата годишнина од бракот со Грант Хјуз, нарекувајќи ја најдобрата одлука во нејзиниот живот.
“Најдобрата одлука во мојот живот. Сè уште се чувствувам така. Екстатично. Трчаме кон иднината, заедно се смееме. Те сакам најмила моја. Среќна годишнина”, напиша Буш во сега избришаната објава на Инстаграм.
Истата објава ја сподели и самиот Грант со нежни зборови кон сега веќе поранешната сопруга.
“Среќна прва годишнина љубов моја! Каква полна, убава, динамична, возбудлива година полна со раст имавме. Навистина сакам да живеам со тебе!”, напиша претприемачот и филантроп.
Софија Буш поднесе барање за развод по само 13 месеци брак и не губеше време да го објави своето брачно име на социјалните мрежи. Но, освен што го избриша презимето Хјуз од нејзиниот Инстаграм, исчезнаа и сите фотографии од нејзиниот сопруг.